недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сарамандов: Ги реализираме приоритетните барања на граѓаните на Гевгелија за кои се обврзавме, огромен број на проекти се реализирани или се во тек

Сарамандов: Ги реализираме приоритетните барања на граѓаните на Гевгелија за кои се обврзавме, огромен број на проекти се реализирани или се во тек

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со жителите на населеното место Негорци го означивме ставањето во функција новиот водоснабдителен систем во ова населено место. Населеното место Негорци е најголемото место по број на жители во општина Гевгелија и изградбата на новиот цевковод беше нивно приоритетно барање за локалните избори, ние се обврзавме, а еве денес дојде и до негова реализација, вели Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија.

-Со изградбата на овој цевковод завршивме голема работа, решивме еден голем проблем на ова населено место и сега жителите овде ќе добиваат навремено и квалитетно водоснабдување преку целата година. Покрај овој проект, во изминатиов период, во изминатите 3 месеци на територијата на цела општина, и во градот и во населените места беа реализирани или во тек се повеќе проекти. Пред дваесетина дена завршивме и со изградбата на новиот цевковод за населеното место Прдејци, и овде имаме нов водоснабдителен систем, рече тој.

Сарамандов истакна дека минатата недела завршена е реконструкцијата на стариот објект на „Винојуг“ во Богородица и на објектот на пензионерите кој го користат во ова населено место. Исто така во изминатиов период во градот Гевгелија беа изградени и асфалтирани голем број на улици. Беше изградена ул. „Драгослав Ортаков“ беа асфалтирани улиците „Илија Мијов“, „Јосив Јосифовски“, „Димитар Влахов“, „Железничка“, крак од улицата „Маршал Тито“. Исто така беа асфалтирани и две улици, „Едвард Кардељ“ и „Иднина“ во населено место Миравци, а со реконструкција со бетон беа реконструирани улици во Мрзенци, во Негорци во Конско и на излетничкото место Смрдлива Вода.

-Во наредниот период ќе ја асфалтираме и улицата „Кирил и Методиј“ во Гевгелија, улицата „Лазар Велков“ во Негорци и улица во Прдејци, а ќе продолжиме следната недела со реконструкција на улици во Смоквица во Миравци и во Давидово. Исто така, пред три-четири дена завршивме и со изградбата на три детски игралишта во Богородица, во Негорци и во Прдејци, а завршивме и со партерното уредување пред црквата во Горничет. Во моментов имаме и повеќе проекти кои се во фаза на реализација и заедно со претседателот Христијан Мицкоски денес ќе ги посетиме, изградбата на новиот модерен парк во Гевгелија кој ќе се протега на 6 илјади метри квадратни и ќе биде прв парк во Гевгелија од ваков тип, а исто така ќе извршиме посета и во населеното место Моин каде што се реконструира домот на културата во ова населено место, а ќе го посетиме и населеното место Богородица каде што во моментов се реконструира младинскиот дом и каде што се планира да се завршат градежните активности до панаѓурот на ова населено место, вели Сарамандов.