петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сарамандов: Музичкиот фестивал „Вкуси го југот“ ќе придонесе за туристичка aфирмација на Гевгелија

Сарамандов: Музичкиот фестивал „Вкуси го југот“ ќе придонесе за туристичка aфирмација на Гевгелија

Овој викенд од 15-ти до 17-ти септември ќе бидеме домаќини на музички настан, со богата музичка програма и со голем број на учесници кои ќе ја презентираат гастрономската понуда во Гевгелија, но и на поширокиот регион на југот, истакнува Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија.

-Гевгелија е препознатлива по квалитетните услуги во угостителските објекти. Гевгелија е препознатлива по добрата храна и вино. Гевгеличани се препознатливи по својата љубезност и затоа сметам дека музичкиот фестивал „Вкуси го југот“ ќе придонесе за туристичка aфирмација на нашиот град. Верувам дека овој настан ќе биде успешно организиран, со голем број на посетители. Годинава ќе дадеме целосна поддршка  на македонските артисти во музичката програма. И се надевам дека во иднина ќе прерасне во една традиција со голем број на гости и од Македонија и од странство, истакна тој.

Сарамандов вели дека Гевгелија и гевгеличани заслужуваат културна манифестација од ваков тип.

-Да бидеме добри домаќини, да направиме добра забава, а на гостите да им посакаме да уживаат топло добредојде и да уживаат со добра музика, добра храна, добра музика и добро вино, истакна тој.