вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сарамандов: Намалени сметките за улично осветлување откако старите светилки се заменија со нови штедливи лед сијалици

Сарамандов: Намалени сметките за улично осветлување откако старите светилки се заменија со нови штедливи лед сијалици

Намалена сметката за уличното осветлување за повеќе од 100% во однос на претходните месеци откако целосно ги заменивме старите светилки со нови штедливи лед сијалици, истакна Андон Сарамандов, градоначалник на Гевгелија.

-Заштедените пари ќе бидат искористени за нови инвестиции, а во иднина ќе продолжиме да работиме на подобрување, обновување и проширување на мрежата на јавното улично осветлување. Претходно во месец септември снабдувачот на струја UPOWER, еднострано го раскина договорот и општина Гевгелија беше принудена да се снабдува со струја во краен случај од ЕВН Хоме. Како резултат на тоа имавме зголемување на сметката за улично осветлување за 6 до 7 пати, во септември износот на сметката изнесуваше 491.000 денари а за октомври 2.900.000 денари, истакна тој.

Сарамандов посети неколку општини да се запознае како тие се справуваат со оваа ситуација, воедно остварие средби со повеќе фирми кои работат со оваа проблематика пред да донесе било каква одлука.

-Јануарската сметка за уличното осветлување во општина Гевгелија изнесува 1,350.000 денари а веќе за февруари очекуваме намалување на истата и да изнесува помалку од 1,000.000 ден, посочи тој.