четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СДСМ Куманово до Димитриевски: Туѓите перја со кои се китите со тек на време ќе отпаднат

СДСМ Куманово до Димитриевски: Туѓите перја со кои се китите со тек на време ќе отпаднат

Од позиција на Градоначалник кој треба да ги подобрува условите на граѓаните, да оддржува улици, канализација итн, вие станавте наеднаш експерт по историја и надворешна политика, професор доктор епидемиолог, калиф уместо калифа, се со цел да кулминира вашето 007 работење во редовите на СДСМ за локалните избори, стои во реакцијата на СДСМ Куманово до кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски од каде додаваат:

,,И уште ова да ве потсетиме – да не заборавите дека туѓите перја со кои се китите со тек на време ќе отпаднат и народот ќе види дека царот е еден обичен голтар. На 31ви ве чека казната од народот! Кумановци секогаш знаеле да ги казнат предавниците! Како што ги казнивме во 2013 така и вие Димитриевски ќе бидете казнети, Куманово ќе продолжи да се развива, а вие ќе одговарате за секој криминал!”