вторник, 19. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

СДСМ Виница ја покачува цената на водата и предизборно распишува оглас за 17 нови вработувања

СДСМ Виница ја покачува цената на водата и предизборно распишува оглас за 17 нови вработувања

Во врска со прекумерното вработување во општинската администрација во периодот пред одржувањето на Предвремените парламентарни избори на 12 април, во Виница на прес конференција реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина.

-Советникот во општинскиот совет во општина Виница Дарко Јангелов исто така го прозва директорот на Јавното претпријатие “Солидарност” од Виница кој распишал огласи за дури 17 нови вработувања. Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Дарко Јангелов од Советот на Општина Виница: Паралелно со новиот бран на непотизам во општина Виница, директорот на ЈП Солидарност Александар Трајков распиша оглас за 17 нови вработувања. Откако го дуплираа бројот на вработени преку агенцијата за привремени вработувања и договор на дело, чијшто ангажман само за првите 3 квартала за 2019-та година го чинат ЈП над 5 милиони денари или 2 милиони денари повеќе во споредба со првите 9 месеци од 2018-та година, сега дополнителен терет на ЈП кое и така работи со загуба, ќе преставуваат и овие 17 нови партиски вработувања. Ова е причината поради која наместо да ја намалат цената на водата за пиење за 30% како што ветија на граѓаните на општина Виница пред избори, истата како мината така и оваа да ја зголемат и да достигне цена од речиси 25 денари за метар кубен, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница  прашуваат кој ја зборува вистината дали пред 3 години тогаш првиот опозиционер Александар Трајков кој на седниците на совет обвинуваше за превработеност во ЈП Солидарност или сега директорот Александар Трајков кој предизборно распиша оглас за неверојатни 17 нови вработувања.

-Дали е во право директорот Александар Трајков кој само пред 3 месеци на седница на совет објаснуваше како претпријатитето е превработено со инкасатори или директорот Александар Трајков кој сега распиша оглас и за тројца нови инкасатори. На кого можат да му веруваат граѓаните дали на опозиционерот Александар Трајков кој ја делеше програмата за живот пред локалните избори, во која како капитално ветување стоеше намалување на цената на водата и другите комунални давачки за 30% или сега на директорот Александар Трајков кој од оваа година ќе потпишува фактури со нова поскапа цена на водата. Ова е вистинско лице на СДСМ едно ветуваат пред избори друго практикуваат кога ќе дојдат на власт. Лагите на СДСМ завршуваат на 12-ти април, доаѓа времето на вредности, принципи, промени, правда… Доаѓа времето на Обнова на Македонија, потенцираат од партијата.