вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Се бара итно дислоцирање на новата дива депонија во Кичево: Граѓаните во страв, надлежните без слух

Се бара итно дислоцирање на новата дива депонија во Кичево: Граѓаните во страв, надлежните без слух

Надлежните институции останаа глуви на барањата и повиците на жителите од кичевската населба Иванидол кои бараат итно дислоцирање на новонастанатата дива депонија во близина на населбата.

Жителите велат дека депонијата е создадена пред околу 15 дена со секојдневно одлагање на сметот од страна на јавното комунално претпријатие.

Веднаш до новата дива депонија се наоѓа борова шума, поради што граѓаните стравуваат дека можно е да дојде до пожари кои би биде катастрофални доколку се прошират. Во непосредна близина се и куќите од населбата Иванидол, па локалното населените не ја исклучува можноста и при поинтензивен дожд, ѓубрето од депонијата да се спушти во нивните дворови. Ширење на заразни болести и епидемија е уште една причина за страв кај мештаните.

Велат за овој проблем го известиле градоначалникот, јавното комунално претпријатие, како и полицијата и бараат од надлежните институции итна дислокација на новата депонија, бидејќи во спротивно најавуваат блокирање на патот.