понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Се доасфалтира дел од регионалниот пат на влезот во Виница

Се доасфалтира дел од регионалниот пат на влезот во Виница

Јавното претпријатие за државни патишта ја комплетира реконструкцијата на делницата од регионалниот патен правец Р1304, од месноста Превалец кон влезот во Виница.

Градежните работи ги изведуваат работници и механизација на ЈП „Македонијапат“ кои се ангaжирани на преасфалтирање на коловозот во должина од околу еден километар и ширина од шест метри, од хотелот „Слив“ до крстосницата со магистралниот пат А3.

За реконструкција на последната фаза од патниот правец Јавното претпријатие инвестира седум милиони денари, а се очекува преасфалтирањето да се комплетира за неколку дена. Претходно беа заменети оштетените и дотраени сообраќајни знаци и патокази, а по завршувањето на градежните работи ќе се обнови и хоризонталната сигнализација.

Пред неколку месеци беа реконструирани уште околу два километра од делницата, на делот од влезот во Виница кон мостот на реката Брегалница, а целата инвестиција чини над 20 милиони денари. т