Министерството за здравство ја разреши дилемата зошто младиот пациент примаше инфузија пред Струмичката болница.
Оттаму објаснуваат дека не станува збор за преполнетост на болничкиот капацитет, туку на барање на родителите на младото момче, кое се лекува од бубрежна болест, бидејќи им било страв да влезе внатре поради ковид 19.
„Од струмичката болница не информираа дека пациентот кој се лекува од хроничка бубрежна инсуфитиентиа примил терапија до вратата на болницата поради тоа што неговите родители не дозволувале да биде внесен во болницата од страв од ковид-19. Тоа е причината зошто на младиот пациент му е дадена терапија пред влезот на болницата“, објаснија за Фактор од Министерството за здравство.