Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека водата во поплавените населени места во општина Долнени се повлекува, како и дека поголем дел од општината превентивно е без струја за да се заштитат жителите и мрежата за напојување со електрична енергија.
Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од противпожарната единица Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во село Лажани.
-До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани, соопшти ЦУК. (МИА)