Во Делчево почнаа активностите за обнвување на црковната јазична школа која постоеше пред КОВИД пандемијата, а се возобновува со благослов на епископот Делчевско-Каменички, неговото преосвештенство, г. Марко. Наставата на која заинтересираните ќе можат да ги надополнат своите знаења од германскиот и англискиот јазик формално почна минатата недела, а од оваа недела и интензивно ќе се одвива секоај недела во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево.
Епископот Марко изрази задоволство што една таква иницијатива ќе продолжи да се реализира со благослов од делчевско-каменичката епархија
-Братството на црквата Успение на Пресвета Богородица не извести за една активност која се одвивала во црквата пред ковид пандемијата. За нејзино возобновување иницијатори сега беа свештениците и за нас претставува голема радост што таква една иницијатива се продолжува. Наставата формално почна од минатата недела, но од оваа недела малку поинтензивно ќе се одржува. Тука се и професорките кои предаваат англиски и германски јазик и ги повикуваме сите деца кои имаат потреба, кои што сакаат да се едуциираат повеќе од тоа што учат во училиштата, да повелат и да се запишат во црквата Св.Богородица, изјави епископот Марко за МИА.
Тој информира дека во наредниот период ќе се формира и детски хор на кој може да се пријават сите деца кои имаат дарба за пеење.
-Во блиска иднина планираме да направиме уште една иницијатива, детски хор кој ќе ја учи литургијата и ќе одговара на литургијата.Оние кои имаат дарови за пеење да пеат на литургија ги информираме дека часовите ќе се одржуваат во недела, така најмногу одговоара поради нивните училишни обврски во текот на неделата. Часовите ќе бидат од 11 до 13 часот и ги поканувам да повелат сите кои сакаат да се запишат, додаде епископот делчевско-каменички Марко.
За наставниците кои ќе ги надополнат знаењата на учениците, огромна е честа што со благослов на епископот се обновува оваа иницијатива.
-Како што веќе беше кажано со голема радост и чест го возобновуваме тоа што беше почнато, за нас е тоа привилегија да можеме соцдечињата да научиме нешто повече и да ги засакаат странските јазици Благодариме што сето тоа ни беше овозможено, рече наставничката Анита Златковска.
Епископот Марко денеска во Делчево отслужи црковна литургија во крстилницата „Св.Наум“ која е дел од соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. (МИА)