четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро

Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро

Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро. Информацијата за МИА ја потврди Сашко Данов, претседател на еколошкото друштво „Тисовец”, од блиското кавадаречко село Возарци.

-Револтираните сметаат дека еден од соседите ја изградил јамата многу ниско и близу до езерото. Стравуваат дека кога ќе се наполни езерото кое е вештачка акумулација и ја потопи јамата, ќе има загадување од фекалии. Наоколу има многу викендички и тука се капат многу луѓе. Најмногу се стравува за децата, рече Данов.

Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални работи при општина Кавадарци, нагласи дека ќе се изврши увид на лице место, за да се согледа вистинската состојба на терен и да се направи записник. Доколку е потребно, вели, ќе се преземат и соодветни законски мерки.

На брегот на Тиквешко Езеро, втора по големина акумулација во државата, има околу три илјади викендички.