недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Штипјанецот Дарко Ефремов кој самоиницијативно го направи сајтот за градскиот превоз доби едногодишен билет

Штипјанецот Дарко Ефремов кој самоиницијативно го направи сајтот за градскиот превоз доби едногодишен билет

Едногодишен билет додели ЈП „Стипион“ на штипјанецот Дарко Ефремов, кој го изработи веб-сајтот за општинскиот линиски превоз. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски вели ова е мал гест на благодарност за помошта за нив и за граѓаните.

-Со нас е Дарко Ефремов, момчето коешто на сопствена иницијатива направи интернет сајт за следење на општинскиот линиски превоз, а со кој ни помогна нам, како Јавно претпријатие, а на граѓаните им овозможи полесно да ги добијат информациите за линиите и возниот ред на општинскиот линиски превоз. Оваа прилика ја користам да му заблагодарам на Дарко со еден симболичен гест, едногодишен билет за користење на општинскиот линиски превоз, вели Стефановски.

Од денеска ЈП „Стипион“ започна да ги поставува и информативните табли со легенди за линиите, информации за возниот ред, како и линк и „кју-ар“ код до сајтот кој го креираше Дарко. На сугестии на граѓаните направени се и неколку измени во возниот ред, кој ќе се воведат од утре.

-Овој возен ред што е објавен сега има ситни измени, коишто ќе стапат на сила од утре, додаде Стефановски.

Стефановски ги покани граѓаните да го проверат новиот возен ред, со мали измени, на информативните табли, како и на фејсбук-страниците на Општина Штип и ЈП „Стипион“