Земјено свлечиште е пријавено вчера попладне над училиштето во село Пирок, тетовско.
Според пријавата во полицијата, свлечиштето се спуштило на патот пред куќата на еден жител на селото.
-Евидентирано е поплавување на подрумскиот дел и напукнување од надворешната страна од куќата, како и поплавување на плевна на друг жител, во непосредна близина, информираат од МВР.