среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СКАНДАЛ: Градоначалникот на Гази Баба влезе во филм дека е над сите, крши закони, процедури и деловник (ВИДЕО)

СКАНДАЛ: Градоначалникот на Гази Баба влезе во филм дека е над сите, крши закони, процедури и деловник (ВИДЕО)

Скандалозно излагање на говорница пред советниците имаше и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Ѓорѓиевски кој на секој начин со кршење на законите и деловникот на сила предизборно се обидува да го донесе ребалансот на Буџетот.

-Јас сум составен дел на советот, јас ги предлагам точките, учествувам од крај до крај, рече на опомената на претседателот на Советот,градоначалникот Ѓорѓиеввски.

Во еден момент Ѓорѓиевски, почна дирекно да ги испрашува советниците, што само по себе е скандал, на што беше опоменат од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ дека истото се снима и дека за тоа ќе одговара кривично.

За прв пат во историјата на општина Гази Баба се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Борче Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент. За потсетување, ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, се донесе пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси, информираат од партијата.

во продолжение погледнете го целото скандалозно излагање на Ѓорѓиевски: