Нов скандал во Македонски Брод. Покрај многуте обиди да ги вдомат своите најблиски лица, градоначалникот на општината повторно го прекршува законот.
Имено, како што дознаваме, тој си ги вработил своите син и внук, како и синот на директорот на Ј.П Национални шуми подружница „Сандански“. Тие иако се шумарски инженери ги вработуваат како секачи во Прилеп и Македонски Брод.
Граѓани од оваа општина кои ја контактираа редакцијата на КУРИР, се прашуваат дали овие лица навистина ќе работат на овие места или фиктивно се примени, а на нивни сограѓани им го “земат лебот“.
Тие ги повикуваат сите компетентни органи да се вклучат и да го преиспитат овој случај.