вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Снегот го отежна сообраќајот и во Гевгелија

Снегот го отежна сообраќајот и во Гевгелија

Во Гевгелија од врнежите формирана е снежна покривка од 15 сантиметри која утрото предизвика отежнато одвивање на сообраќајот.

Граѓаните реагираа дека иако се подготвени да возат во зимски услови, надлежните не презеле мерки за расчистување на улиците.

Меѓуградскиот и локалниот автобуски сообраќај според информацијата од автобуската станица се одвива со извесно задоцнување во отежнати услови, но прекин  нема. Под снег беше и делот од автопатот од клучката кај Гевгелија до граничниот премин Богородица.

Екипите за расчистување се излзени на терен по што се очекува сообраќајните услови да се подобруваат.

МИА