Продолжува отпуштањето на вработени во детските градинки ширум Македонија.
Седум негувателки и воспитувачки од градинката „Прва радост“ од Василево останаа без работа.
Тие пред неколку дена биле известени дека договорот им завршува и дека истиот нема да биде продолжен. Дел од нив во оваа градинка работеле од самото нејзино формирање.
Причината сигурно не е вишок на кадар или грешка во нивното работење, туку целта е отворање на работни позиции за лица блиски до локалната власт на СДСМ. Доказ за ова е и самиот факт што веќе следниот ден, на нивно место биле ангажирани други лица.
Отпуштените негувателки и воспитувачки, кои со години посветено работеле со дечињата, обвинуваат дека ова се случува само поради тоа што биле вработени од претходниот градоначалник.
-На наши места се вработени нови лица кои не се соодветни. Залудна беше надежда во ветувањето дека без разлика на национална, партиска и друга определба нема да има отпуштања. Да го потсетиме градоначалникот, господинот Марјан Јанев и пратеникот Сашо Атанасов дека и ние имаме семејства и свои деца, а тие самите се запознати со тешката семејна состојба на некои меѓу нас, вели Билјана Трајкова Трајковска која беше оставена без работа.
Градоначалникот Марјан Јанев вели дека дел од кадарот во оваа детска градинка бил ангажиран под договор на дело во кој јасно се прецизирани правата и обврските, но и роковите за кои што се ангажирани.