четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Со грант од Јапонската амбасада реконструиран покривот на градинката во пробиштипското село Злетово

Со грант од Јапонската амбасада реконструиран покривот на градинката во пробиштипското село Злетово

Заврши реконструкцијата на покривот на градинката Изворче во Злетово, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. Посочи дека со замена на стариот азбестен покрив со нов од профилиран челичен лим, значително се подобрува енергетската ефикасност на објектот, но и се заштитува животната средина.

-Во изминатиот период во детската градинка Изворче во целост беа променети вратите и прозорците со нови ПВЦ енергетски ефикасни врати и прозорци, со што за овој објект останува да се изработи уште нова фасада, за да биде целосно енергетски ефикасен, изјави Анастасов.

Проектот за реконструкција на кровот општината го реализираше со целосен грант од 77.975 евра од Јапонската амбасада, со којашто има реализирано и други проекти, за што, како што вели Анастасов, се надева и на понатамошна успешна соработка. Истакна дека општината во изминатиов период реализирала бројни проекти со цел подобрување на условите во детската заштита.