недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Со концерт на Калиопи и Владо Јаневски и шоу на Сашко Коцев започна Вевчанската ликовна колонија

Со концерт на Калиопи и Владо Јаневски и шоу на Сашко Коцев започна Вевчанската ликовна колонија

Со концерт на Калиопи и Владо Јаневски и со стенд ап перформанс на Сашко Коцев, во ресторанот „Виа Игнација“, свечено беше отворено дванаесетото издание на Меѓународната ликовна колонија Вевчански Видувања.

“Оваа година на Колонијата учество ќе земат преку 20 афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји. Истовремено, како дел од Меѓународната ликовна колонија се организира и Летната ликовна школа за деца, во чии рамки повеќе од 40 млади дечиња и идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат со тајните на сликарската уметност”, ни изјави Ефимија Угриновска Кукоска.

“За нас е особено важна е соработката со Шпаркасе банка, реномирана финансиска институција која низ годините постојано ја поддржува уметноста и културата како дел од платформата за општествена одговорност “Шпаркасе лајф”. Во оваа смисла, во рамките на Шп-арт-клуб,10 талентирани уметници чии трошоци ќе бидат покриени од страна на банката, ќе имаат можност да творат во рамките на вевчананската ликовна колонија, а нивните дела понатаму ќе бидат продадавани на јавна аукција и средствата ќе бидат давани во хуманитарни цели”, потенцира Кукоска.

„Да се биде во Вевчани е прекрасно чувство. Убавината на ова место ја прават луѓето кои се топли и непосредни и така е откога доаѓам тука. Не знам што ќе ме инспирира, не правам планови, оставам самата инспирација да ме носи“, вели ликовниот уметник Петар Попчев, еден од најстарите учесници на „Вевчански видувања“.

Почнувајќи од 2010та, секоја година традиционално на крајот на месецот јуни се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, вчера на свеченото отворање, на академскиот сликар Ставре Димитров му беше доделено признанието „Порта“ за исклучителен придонес за развојот на уметноста.