среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Солзи и револт во Виница поради прераспеделба на наставниците

Солзи и револт во Виница поради прераспеделба на наставниците

Наместо со насмевка, првиот учлилишен ден за 38 ученици од Основното училиште Славчо Стојменски во Виница започна со солзи. Дел од третооделенци и петооделенци денес не отидоа  на училиште откако разбрале дека имаат нови наставнички. Родителите револтирани, побараа од директорот на училиштето да ја повлече одлуката и наставничките кои се прераспределени во подрачните училишта во селата Лески и Градец, повторно да се вратат во матичното школо.

Промената на наставничките кај дел од учениците предизвика стрес и трауми.

Директорот на училиштето дециден, одлуката нема да ја повлече. Политички реваншизам нема, со ова само ја исправал неправдата која долги години ја имало во училиштето.

И додека директорот и покрај тврдењата на родителите дека нивните деца не се на училиште,  убедуваше дека  учениците од двете спорни паралелки  се на број, нашата камера успеа да ја сними полупразната училница.

Извор: АЛФА