среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро

Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро
ilustracija

Спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево улови сом тежок 80 килограми во Калиманско Езеро.

-Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманско Езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми, вели Стојмирски.

Претходно во месец јули годинава спортскиот риболовец Горанчо Ќурчиски фати сом тежок 70 килограми.

-Со Ванчо сме често на риболов. Во мојот случај тој ми помогна да го извадиме од водите. Тежеше за 10 килограми помалку од оној на Стојмирски, значи 70 килограми и 230 сантиметри, додава Ќурчиски.

Калиманско Езеро изобилува со ретки примероци на сом, а токму делчевските риболовци се едни од рекордерите со најголем улов на познатото вештачко езеро.