Денес како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата го посетивме Дневниот центар за деца со посебни потреби, ни беше посебна чест и задоволство во овие пред празнични денови да се подружиме со дечињата кои се згрижени во него, стои во Фејсбук статусот на Советничка група на Вмро-Дпмне и Коалицијата на Општина Кичево.
Тие напишаа дека како советничка група се потрудија во вид на донација да им обезбедат неопходни средства, реквизити и еден прочистувач на воздух за простории се со цел колку што може повеќе да им ги подобрат условите за нивниот престој во самата установа.
– Со оваа акција ние како советничка група започнуваме со остварување на нашето предизборно ветување дека дел од секој добиен паушал за работата во советот ќе го донираме во хуманитарни и добротворни цели. Благодарност и до Анета Мојсоска Миладиноска која исто така несебично учествуваше во оваа наша донаторска акција, додаваат во својата Фејсбук објава.