недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Советот на Општина Крива Паланка додели финансиска помош за настраданите во Турција и Сирија

Советот на Општина Крива Паланка додели финансиска помош за настраданите во Турција и Сирија

На денешната вонредна седница на Советот на Општина Крива Паланка, усвоена е одлука за доделување финансиска помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Општината, во рамки на можностите на буџетот додели 100.000 денари во знак на солидарност со семејствата на настраданите во оваа непогода.

– Општина Крива Паланка ја искажува својата солидарност и хуманост кон настраданото население во Турција и Сирија. На денешната вонредна седница на Советот на Општина Крива Паланка, свикана на иницијатива на советничката група на СДСМ и коалицијата, едногласно е усвоена одлука за доделување парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, сума во висина од 100.000 денари. Ниту еден од нас не треба и не смее да остане имун на катастрофалната несреќа со која народот во овие две држави се соочува, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Свесни сме, посочи тој, дека ништо не може да ги надомести изгубените животи, но согласно можностите на нашата мала општина, со отворени срца, со овој гест, искажуваме сочувство и мал придонес за помош и санирање на материјалните штети.

Седницата беше отворена со едноминутно молчење во чест на загинатите во земјотресот.