Тетово протестира за чист воздух. Средношколците и покрај затворени врати и притисоците во тетовските училишта излегоа на протест.
Утринава во 8 часот пред општината Тетово протестираа средношколците поради енормната загаденост на градот и непревземањето на никакви мерки од страна на надлежните институции.
Средношколците се собраа на протест на плоштадот во знак на револт поради долготрајното загадување на воздухот и зголемената смртност, а потоа маршираа се до зградата на општината.
Тие наведуваат дека одлучиле да протестираат поради показателите од научно истражување дека во Тетово 38 проценти од смртните случаи се поради загаден воздух, додека низ Македонија просек е 22 отсто.