четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Степановски: Неспособноста за практикување на власта на локално ниво во Битола се повеќе излегува на дело- оставка од директорот на ЈП Комуналец

Степановски: Неспособноста за практикување на власта на локално ниво во Битола се повеќе излегува на дело- оставка од директорот на ЈП Комуналец

Неспособноста за практикување на власта на локално ниво во Општина Битола се повеќе излегува на дело. Типичен пример за тоа е моменталната состојба во ЈП Комуналец каде што од ден во ден состојбата на претпријатието се влошува, а неуспесите се редат и сите граѓани тоа го чуствуваат, Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-На почеток на Мандатот на директорот имаше обид за засадување на 3000 дрвја од кои најголемиот дел беа неуспешни и буквално се исушија. Потоа продолжи со лагата дека ке има нови садници кои еве година и половина сеуште ги нема. Исто така Јавното претпријатие Комуналец не е во состојба да ја извршува својата основна денојст ( собирањето на отпадот низ градот.) Се повеке расте незадоволството на граѓаните од ненавремено исчистените контејнери, а градот тоне во ѓубре. Осветлувањето на градот и во руралните средини во Општина Битола кое го превзеде ЈП Комуланец исто така доживеа колапс – градот е во темница, рече Степановски и додаде:

„За на крај да се прелие чашата беше направена кражба во Спортската Сала во Битола каде што беа украдени грејни тела и дел од котелот кои беа купени со пари од проектот БИО ФОС во вредност од 135 000 евра. Почитуван директор НА ЈП КОМУНАЛЕЦ дали не мислите дека после сите овие неуспеси во период од само две години ке повторам ДВЕ години е време некој да ја превземе одговорноста, а тоа сте вие и Градоначаникот на општина Битола Наташа Петровска. Заради Сите овие случувања ние како ВМРО ДПМНЕ ОК БИТОЛА и Советничка група на ВМРО ДПМНЕ И Коалицијата Бараме ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРОТ НА ЈП КОМУНАЛЕЦ“.