четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Стевановски: Приоритет ќе биде обезбедување на основни услови за живот- сега се живее во субстандардни кои не се својствени за овој век, а тоа е последица на лажните ветувања од актуелната власт

Стевановски: Приоритет ќе биде обезбедување на основни услови за живот- сега се живее во субстандардни кои не се својствени за овој век, а тоа е последица на лажните ветувања од актуелната власт

Кандидатот за градоначалник на општина Новаци од ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Стевановски беше гостин во емисијата „Директно” на ТЕРА телевизија. Како што рече, во негов приоритет ќе биде барем во поголемите населени места да обезбеди основни услови за живот бидејќи се живее во субстандардни услови кои не се својствени за овој век, а тоа е последица на лажните ветувања од страна на актуелната власт.

– Ниедно село нема канализација и тоа ќе биде мој предизвик, да ја донесеме канализацијата барем во поголемите населените места затоа што тоа ни е основниот услов во 21-от век немаме канализациони мрежи, а нашиот градоначалник се фали дека општина Новаци е најбогата општина по приходи по глава на жител и тоа изнесувало околу четиристотини евра. Најбогата општина по глава на жител, а луѓето ни живеат во субстандардни услови, кажа Стевановски.

Стевановски во своето гостување рече дека општината буквално е запустена, не се одржува, има многу диви депонии а исто така хигиената е на најниско ниво. Како најгорлив проблем ја наведе младинската невработеност која е причина за масовно иселување од овој крај.

– Главен проблем што особено ги тишти младите луѓе во општината е невработеноста. Ние секако, во нашата програма имаме предложено еден куп проекти со кои што мислам дека ќе направиме економски исчекор во кои би се пронашле нашите млади луѓе и би се погрижиле да останат тука, во родните огништа да градат семејство и да ја градат иднината, затоа што ако тоа не го направиме, ако не направиме нешто во насока на развој на економијата и привлекување дали странски инвестиции, дали развој на РЕК – Битола како најголем стопански комплекс кој ни се наоѓа во нашиот двор во општината – за кратко време ќе ја изгубиме и нашата општина. Од ден на ден сѐ повеќе ни се иселуваат младите луѓе, највредниот капитал, човечкиот ресурс го губиме и тоа е жално, рече Стевановски.