Како дел од програмата за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2022 година, денес ги реконструиравме главните улици во селата Далбеговци во должина од 300м. и Долно Агларци во должина од 350м, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.