Започнаа градежните активности околу поставувањето на тротоарите во село Добромири. Вкупната должина изнесува 380 метри со вкупна вредност од 1.727.154,00 денари.
-Покрај тротоарите во Добромири се градат и тротоари во Рибарци и тоа 3 краци: крак 1- 77.8 метри, крак 2 -192.45 метри и крак 3- 35 метри со вкупна вредност од 1.083.001,00, како и во Долно Агларци во должина од 100 метри додека во Далбеговци во должина од 160 метри, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Средствата се обезбедени од Програмата за фосилни горива од Министерство за животна средина и просторно планирање.