Уште од самото стапување на функцијата Градоначалник, ветивме дека ќе работиме чесно и одговорно се во интерес на граѓаните на Општина Неготино. Општина Неготино како и секоја друга Општина не беше финансиски во добра кондиција. Ја затекнавме во околу 60 милиони денари во минус, изјави денеска за медиумите градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов.
Тој истакна дека уште од самиот почеток почнале да ги реализираат проектите коишто ги ветија пред граѓаните на Општина Неготино.
– Во првите 100 дена донесовме ваучер стимулација за секое новородено дете во Општина Неготино, ја донесовме „Моја Патрола“ која што имаше за цел да биде одговорна за сите неправилности како на територијата на Општина Неготино така и на руралните средини, донесовме и стимулација за секој потенцијален инвеститор во Општина Неготино. Проектите коишто ќе бидат во текот на наредниот период за изработка се партерно уредување на саат кулата во Општина Неготино, асфалтирање на дел од улица во Село Криволак, парк во Село Требник и резервоар во истото село, појасни Стојанов.
Тој додаде дека во наредниот период ќе има и други проекти коишто заедно со граѓаните на Општина Неготино ќе придонесат за подобри услови за живеење во неа.