Врз основа на склучениот договор помеѓу општина Неготино и ГП „Градба промет“ интензивно сеодвиваат градежни активности за поставување на фекална и атмосферска канализација на потегот од Тимјанички пат до улицата „Марксова“. Фекалната мрежа се изведува во должина од 491 метри, а атмосферската мрежа во должина од 485 метри, вели Горан Стојанов, градоначалник на општина Неготино.
-Вредноста на договорот за изведувањена работите изнесува 3.014.498 денари со вклучен ДДВ, од кои 2.500.000 се доделени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а остатокот на средствата сеобезбедени од Буџетот на општина Неготино.
Во зависност од временските услови, градежните работи се очекува да завршат во рок од 10 до 15 денови, пишува Стојанов на Фејсбук.