Започна изградбата на дел од улица во Пепелиште, ова денеска преку статус на Фејсбук го истакна градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.
„Работници на изведувачот на работите ГП Градба промет од Неготино започнаа со изведувањето на градежните активности за изградба на дел од улица во село Пепелиште во должина од 270 метри.
За вршење на надзорот на градежните активности одговорен е Студио Архивисион ДООЕЛ-Скопје, а во зависност од временските услови крајниот рок за извршување на градежните работи е 30 денови од издавањето на налогот и воведот во работа“, стои во неговиот пост на Фејсбук.