понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Свечена седница на Совет на Кавадарци, се одбележува денот на градот

Свечена седница на Совет на Кавадарци, се одбележува денот на градот

Свечена седница одржува вечерва Советот на општината Кавадарци, се одбележува денот на градот. Претседателот на Советот, Стојанче Рамов ги честиташе општинскиот празник 7 Септември и утрешниот ден на независноста на Република Македонија, 8 Септември.

– Веќе е добро познато колку Кавадарци во последниве неколку години расте и се надградува, буквално на секое поле и во секоја сфера. Градот живее, Општина Кавадарци има со што да се пофали, почнувајќи од тоа дека е општина со најниска стапка на невработеност. Скоро две години откако сум претседател на Советот при Општина Кавадарци и можам да искажам задоволство за соработката што ja имаме, заедно со советниците и градоначалникот во изминатата година, рече Рамов.

Тој нагласи дека Кавадарци како град е за пример во Република Македонија, како од општествен, така и од економски аспект.

Во рамките на свечената седница, и беше доделена општинската награда „7 Септември“ на годинашните добитници Пере Пењушков, Петар Ангелов и Димитрија Ангелков

Доктор Пењушков ја добива највисоката општинска награда за неговите заслуги во одржувањето на културно – историската традиција. Ангелов е заслужен во делот на спортот, а Ангелков ја добива наградата за неговото иновативно творештво.

Во јавниот повик за кандидирање на кандидати за оваа награда, пишуваше дека наградата се доделува на различни субјекти, заслужни за развојот и промоцијата на општината, во повеќе области.