недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Тетово се задушува, градските власти во зимски сон

Тетово се задушува, градските власти во зимски сон

Екстремно загадениот воздух во Тетово и оваа зима не ги алармираше властите да преземат сериозни мерки за намалување на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Причините за аерозагадувањето се знаат, но тие како да не постојат за надлежните, пишува НЕЗАВИСЕН.

За сообраќајниот хаос ништо не се презема. Пробивањето на двата главни булевари во градот, со кои требаше да се растовари сообраќајот, не се одвива, иако ваквите градежни активности неколкупати беа најавувани од градските власти, проблемот со недостиг на паркинг-места сè уште не се решава, а тетовци сè уште се надеваат дека ќе профункционира јавниот градски превоз.

Најголемиот проблем според урбанистите се висококатниците, кои ја блокираат нормалната циркулација на воздухот, а и оваа зима масовно се градат, посебно во центарот. Граѓаните веќе и не очекуваат дека институциите ќе преземат нешто сериозно за намалување на аерозагадувањето. Тие велат дека им останува само да не излегуваат од дома кога е многу загадено.

ИЗВОР: НЕЗАВИСЕН