Вчера Христо Кондовски го падна интернетот. Вчера, речиси и да немаше битолчанец кој на социјалните мрежи, не ја објави информацијата за Христо Кондовски – со прашањето, дали тој е лице осудено за тешка кражба? Почитувани битолчани, денес прашуваме, дали Христо Кондовски провали во еден од познатите битолски дуќани за да оствари лична корист, односно да украде стока за себе наместо да ја плати?, вели Марица Тодоровска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дали Христо Кондовски е бизнисмен кој кога нешто сака, провалува и го зема? Дали е тоа хуманистот, менаџерот, дали е тоа човекот кому битолчани треба да му ја дадат својата иднина?
Почитувани битолчани, уште од првиот ден на изборната кампања Христо Кондовски заедно со бизнис пајташите од Струмица вложија милиони во лажна пропаганда и буквално го залепија на секоја бандера и на секој фејсбук профил, за да го изрекламираат како добар и успешен човек. Знаеме дека тој профил на човек совршено се вклопува во друштвото на бизнис кланот Заеви, но дали е тоа човек каков што и треба на Битола?
Дали човекот кој денес објавува дека не е осуден за тешка кражба и се крие зад партиска информација, само заради тоа што поминале 18 години од стореното дело сака да каже дека истото не се случило, односно дека не провалил во битолски дуќан во 2003-тата?
Почитувани, вчера битолчани на интернет го изрекламираа вистинскиот Христо Кондовски – со отвореното прашање дали ова лице е осудено за тешка кражба со провала.
Го повикуваме да излезе пред битолчани и конечно да ја каже вистината за себе: дека тој од Битола сака да заработи, а не за неа да работи!
Токму затоа битолчани на 31-ви октомври нема да му го дадат својoт глас!, подвлекува Тодоровска.