четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Угостителите од Кавадарци на протест: Мерките се неиздржливи, не можеме да исплатиме плата на вработените

Угостителите од Кавадарци на протест: Мерките се неиздржливи, не можеме да исплатиме плата на вработените

Угостителите од општина Кавадарци денеска во 19 часот ги затворија објектите во знак на револт поради рестриктивните мерки во работењето.

Според изјавата на еден од учесниците на протестот, се вели дека угостителските објекти им биле затворени три месеци, а сега со отворањето им наметнале мерки кои се неприфатливи и неиздржливи за нив бидејќи не можат да ги поминат платите на вработените и затоа решиле затворање на објектите се до добивање на позитивен одговор на нивните барања.

-На денешниот состанок на Здружението на Тиквешки угостители со цел да бидеме разбрани од страна на нашите сограѓани, гости, од надлежните органи, а се со цел да го изразиме нашиот револт од константниот притисок од страна на инспекциските органи, едногласно решивме да ги затвориме нашите објекти. Тоа се случи денеска во 19 часот. Причините за нашата одлука се покрај забраната за работење од 9 недели, почнавме со ограничен капацитет само на летни тераси за кои што не бевме претходно информирани а се соочивме со намалено работно време и ограничување на број на гости. Ограничувањето за премин од трета фаза што досега не е реализирано од страна на власта. Очекуваме во рок од 24 часа да бидеме повикани на состанок со надлежните институции, да се разговара за разлабавување на мерките и повторно отворање на објектите со нови протоколи издржани за угостителскиот сектор. Се до надминување на овие проблеми, објектите остануваат затворени, се вели во изјавата на Тиквешки угостители.

Според информациите, во Кавадарци има околу 40 објекти. Јавна поддршка даде и претседателот на Општинскиот комитет на и кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев кој порача итно да се дозволи на угостителите, занаетчиите и сите останати стопански субјекти во Кавадарци да работат во нормални услови како што работеа пред почетокот на вонредната состојба, додавајќи фамилиите на угостителите и вработените не се должни да банкротираат поради неспособноста на СДСМ и Заев.

-Нема вонредна состојба, нема уредби со законска сила. Под итно да се дозволи на угостителите, занаетчиите и сите останати стопански субјекти во Кавадарци, да работат во нормални услови како што работеа пред почетокот на вонредната состојба! Поради неспособноста на СДСМ и Зоран Заев не се должни цели фамилии да банкротираат, стои во статусот на Јованчев.