сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Усвоен новиот ГУП на Кавадарци (Видео)

Усвоен новиот ГУП на Кавадарци (Видео)

На денешниот Совет на Општина Кавадарци усвоен е новиот ГУП. Едногласно е изгласан, по долго време Генералниот урбанистички план на Кавадарци, Ваташа и Глишиќ.

Конечно, по новиот Генерален урбанистички план, што претставува основен документ да се гради, ќе се развива градот и Ваташа и Глишиќ според потребите на новото време, а по барање на граѓаните и правните субјекти.

ГУП не се носи секој ден, туку на една, две, а за Кавадарци и по повеќе децении. Затоа и градоначалникот Митко Јанчев и неговиот административен тим беа упорни кај Министерствата и други субјекти да побараат нивно што побрзо донесување, а сега и изгласување на овој документ. Во иднина до 2026, кога се планира носење на нов ГУП, целата урбанистичка изградба во Кавадарци ќе се темели на сите измени кои сега се вградени во ГУП-от кој беше подолго време даден на јавна расправа кај грѓаните.
Оттаму заложбата и дикусијата на градоначалникот Јанчев да се донесе овој документ и по него да се одвива развојот на градот.

Инаку по иницијатива на Советничката група на СДСМ, ова точка беше прекината привремено, за потоа координаторот Лазар Турнуманџов се произнесе дека СДСМ ќе го подржи новиот ГУП, со потсетување дека во иднина при носењето на ДУП (Деталниот урбанистички план) ќе бараат детални податоци и разработка на секој случај со цел да се спречат евентуалните коруптивни намери или сознанија кои можат да произлезат од одредени решенија. Инаку пред тоа, Зоран Јованчев од името на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие како партија ќе го подржат донесувањето на Генералниот урбанистички план со цел да не се кочи, туку напротив, развива Кавадарци. Потоа новиот ГУП беше едногласно донесен од сите советници.