сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Утрово до 12 часот казнети 62 возачи во Куманово

Утрово до 12 часот казнети 62 возачи во Куманово

Утрово (18.07.) од 08 до 12 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 62 возачи.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.