Во следните четири години ќе ја водам општината со реален концепт и суштински развој на економски, општествен, културен, и спортски план, со правилен пристап во користењето на ресурсите и можностите. Најпрво ќе направиме анализа и ревизија за тоа како е работено до сега, да знаеме каква е реалната состојба во општината, за потоа да се изгради динамика за реализација на програмата. Начелата од кои ќе се водам ќе бидат чесност, посветеност, и отчетност, а во раководењето на општината ќе бидам искрен, темелен, и ефикасен, порача Тони Узунов кандидат за градоначалник на општина Валандово на денешниот митинг.
Узунов, вети дека уште во првите 100 дена ќе започне со реализација за уредување на изворски дол од Градскиот пазар месноста Извор.
Она по што се разликува нашата програма е остварливоста и како извадок од истата би навел дека во првите 100 дена ќе започнеме со реализација за уредување на изворски дол од Градскиот пазар до месноста Извор со регулирање на суводолицата како кеј со придружни, урбани, партерни и хортикултурни содржини. Реконструкција на фудбалското игралиште во Брајковци, во мултифункционален спортско рекреативен објект и
Уредување на пешачката патека во населеното место Марвинц, рече Узунов.
Узунов вети и индустриска зона, пречистителна сала, спортска сала во склоп на училиштето, нов извор за водоснабдување, доизградување и модернизација на водоводниот систем, атмосферска канализација, повеќенаменско детско игралиште во Чалакли и многу други проекти за граѓаните во сите населени места во Валандово.
Оваа програма е само почеток на суштинскиот развој, која континуирано ќе се надоградува. Еве само дел од проектите. Индустриска зона во месноста „СУВА РЕКА“ , зона за „МАЛО СТОПАНСТВО“, проект „ПОЛСКИ ПАТ“ и проекти за поддршка на земјоделецот, бидејќи од кафулиња и фонтани не се живее. Изградба на административен станбено-деловен комплекс во зградата позната како „НОВО СОБРАНИЕ“, систем за греење и ладење во спортската сала во Валандово, пречистителни станици.
За Пирава – капела со придружна просторија, Спортска сала во склоп на училиштето, реновирање на младински дом. За Јосифово – нов извор за водоснабдување, доизградување и модернизација на водоводниот систем, атмосферска канализација. За Удово – изградба на трибина и реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен, повеќенаменско детско игралиште, и решавање на проблемот со атмосферските води. За бојмиските села – реконструкција на фудбалско игралиште, и подобрување на водоснабдувањето во сите села. Канализациски системи во Раброво, Грчиште, и Горна Маала. Повеќенаменско детско игралиште во Чалакли. Уредување на просторот до џамијата во Башибос. Асфалтирање на улици во Дедели и Казандол. Предвидени се проекти од секторите култура, спорт, образование, животна средина, социјална заштита, туризам, потенцираше Узунов.
Узунов ја побара поддршката, порачувајќи дека има визија и решение како Валандово да стане енергетско независна општина.
Ова се само дел од проектите во програмата и може уште долго да ги редам, но надвор од неа имам визија и решение како Валандово да стане енергетски независна општина без надомест за улично осветлување и уште многу други работи, изјави Узунов.