ЈАВЕН ПОВИК ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ О.К ГЕВГЕЛИЈА ДИМИТАР ВЕГОВ ДО ПРАТЕНИЧКАТА ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ, МАРИЈА КОСТАДИНОВА:
„Денес овде од Миравци, ја повикувам Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Марија Костадинова, да не го подржи и да го отфрли францускиот предлог, кој е штетен за нашите национални интереси.
Покрај ова, ја повикувам Марија Костадинова, да излезе и јавно да се извини на Гевгеличани и на целиот македонски народ за вчерашната скандалозна изјава, која јавно пред сите граѓани од собраниската говорница изјави дека, македонскиот јазик , идентитет, македонската посебност, немале никаква засебност.
Пратеничке, немој да подлегнуваш на притисоците од власта, наместо да вршиш предавство на македонскиот народ, излези и гласај против овој штетен француски предлог“ – истакна Димитар Вегов.