Масовното труење на кучиња во градот Пехчево не запира, велат жителите на градот на социјалните мрежи.
Во текот на вчерашниот ден на „Фејсбук“ се појавија повеќе фотографии и видео од затруени кучиња.
На прашањето на жителка: „Пак ли почнаа“, помлад жител кој го снимил видеото вели: „За жал да“.
„Почнати се гадовите одамна и по дворови трујат кучиња. Но, зошто институциите се неми, очигледно некој е замешан“, стои во еден од коментарите.
Друг коментар пак гласи вака: „Мора да има одговорност, за жал ова се случува повеќе од 1 година во Пехчево“.
-И покрај нашата упорност да добиеме одговор од градоначалникот на Пехчево за тоа што се случува во градот и зошто институциите се немоќни пред оние кои ги трујат животните, сепак, тој не одговори на нашите повици, по што побаравме и добивме преку порака која гласи вака: Побарајте ме утре, да знаете дека имам дадено изјави за портали и телевизија, тоа се стари снимки и веќе не се актуелни, а институциите имаат отворено истрага за случајот, пренесува порталот „поглед.мк“.