среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Владев: Го реализираме ветеното во Свети Николе, нов модерен парк, а паралелно се работи и на многу инфраструктурни проекти, следната година ќе работиме уште повеќе

Владев: Го реализираме ветеното во Свети Николе, нов модерен парк, а паралелно се работи и на многу инфраструктурни проекти, следната година ќе работиме уште повеќе

За овој проект, овој парк кој е при крај и го ветивме на граѓаните на општината Свети Николе и јас како градоначалник, но и се реализира и со огромна помош од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заедно со помош на Вардарски плански регион и со средства од општина Свети Николе успеавме да изградиме модерен пам-трак каде што младите велосипедисти ќе може да уживаат во своето слободно време, изјави градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев кој заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во градежните активности на новиот парк во општината.

– Паралелно го изградивме и моторичкиот парк каков што има само на други три места во Македонија, рече Владев.

Владев посочи дека започната е постапка за изградба на мини амфитеатар кој ќе биде готов во следните 2-3 месеци, а изградено е и модерно детско катче кое го користат многу деца периодов.

– Ова е само дел од проектите и може да кажам дека изградивме улици во село Црнилиште, Горобинци, неколку улици низ општината Свети Николе, го уредуваме речното корито и изградба на модерна пешачка патека. Го реконструиравме градскиот стадион, кошаркарското игралиште и се работи на изградба на четири големи улици, Гаврило Гаврилски, Михајло Апостолски и улица 3 и улица 4, изјави Владев.

Тој додаде дека добиени се средства за балон сала во средното училиште, а ќе следи и изградба на улицата Орце Николов и замена на водоводната мрежа.

– Ќе следи изградба на улици во Ерџелија, комплетна канализациона мрежа во Мустафино, за наредната година има доста проекти, спремни сме за 2024 година и од февруари ќе размислуваме дури за 2025 година, истакна Владев.