Кандидатот за градоначалник на Свети Николе од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Владев преку статус на Фејсбук пишува дека денеска остварил средба со стопанствениците во нивниот град.
-Денес, го искористив врнежливото, бериќетно време да остварам средби со стопанствениците од нашата општина.
Им ја презентирав нашата програма и разменивме идеи за понатамошна соработка , после изборите.
Тие бараат промени и светла иднина.
Од срце им се заблагодарувам за срдечниот пречек и ветувам дека ќе имаме соработка во годините што престојат, стои во неговиот пост на Фејсбук.