Општина Свети Николе во претходниот период беше комплетно транспарентен во смисла на тоа што јас како градоначалник заедно со моите соработници посебно со директорите на локалните претпријатија и Јавното комунално претпријатие итн. сме во постојан контакт со граѓаните на општина Свети Николе и сме нон-стоп на терен, изјави градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев во рамки на проектот на ВМРО-ДПМНЕ „Твојата идеја за промена“.
-Идеите и проектите што сега ќе ги реализираме во 2023 година и кои што ќе бидат опфатени во буџетот за 2023 година беа континуирано собирани во текот на целата година, а не само во претходниот период од 2, 3 или четири недели. Точно знаевме кои се приоритетите на граѓаните на општина Свети Николе. Покрај тоа, јас како градоначалник сум во постојан контакт со претседателите на месните заедници каде што одржавме неколку конструктивни состаноци на кои што заеднички констатиравме кои се приоритетите за секое населено место во општина Свети Николе. Потоа заедно со советниците бевме на терен и одржавме состаноци со жителите на месните заедници во урбаните средини кај што поразговаравме за проблемите што ги мачат во претходниот период. Нормално, ние имаме ограничен буџет и за жал оваа година истиот ни е намален за 10 милиони денари, што значи дека имаме помалку пари за разлика од ланската година, а да не ги споменувам и разните притисоци од страна на претставници на централната власт во разни делови и резултира тоа што викаат старите: „Колку ни е чергата, толку ќе ги испружеме нозете“. Но, тоа не не спречува за 2023 година да имаме преку 20 проекти за кој што се веќе сега обезбедени дали од пари на општина Свети Николе, дали преку проекти што ги имаме аплицирано до разни државни институции. Да почнам од спортот, за наредната година веќе аплициравме и верувам дека ќе ни биде одобрено, односно гарантирам дека ќе ни биде одобрено нова балон сала во средното училиште „Кочо Рацин“ во Свети Николе. Трибината е пред самиот крај и верувам дека ќе биде готова до април месец и на самите трибини ќе има поставено столчиња за да добие некој по урбан лик. Кога зборуваме за спортот можам да кажам дека го отворивме ДУП-от сѐ со цел да обезбедиме маркица за да направиме соблекувална која што со години е барана од страна на спортистите во Свети Николе. Се надеваме дека до крајот на летото би требало да помине урбанистичкиот план, кај нас е сега при крај анкетата и после Новата година треба да го пратиме до Транспорт и врски на одобрување. Стапивме во контакт и со Фудбалската федерација на Македонија и од нив ќе добиеме како донација средства за изградба на соблекувални и нови столчиња, исткна Владев.
Потоа продолжуваме, како што кажавме и во предизборниот период, целиот наш ангажман ќе биде посветен исклучиво на работи што ги немаат граѓаните, таму кај што нема улици, таму кај што нема канализации водоводи итн. поради тоа за оваа година веќе можам да кажам дека во текот на наредната недела од страна на Министерството за транспорт и врски веќе ќе биде распишан тендерот за изградба на четирите улици на сопотски пат и со тоа веќе е завршен потегот за општина Свети Николе и во текот на 2023 година нема да има неасфалтирана улица во градот Свети Николе. Не ги забораваме и селата и во секое села мора да има нешто што ќе се работи, потенцираше Владев.
-Затоа споменувам дека ќе имаме изградба на две улици во село Долно Црнилиште каде што во претходниот период немало ништо. Ќе има улици во село Амзебегово, ќе има улица во село Пеширово, градинката во село Ерџелија која што е во тек на градба и во тек на 2023 година ќе биде комплетно завршена. Во градот, покрај тоа што го споменавме ќе вршиме вршиме реконструкција на целиот потег од спортската сала до Ул.„Крсте Мисирков“ која ќе биде модерна пешачка патека осветлена, а дел од тоа ќе биде за паркинг места каде што граѓаните ќе можат да паркираат што значи ќе го зголемиме капацитетот и за паркирање. Улицата „Васка Циклева“ која што е со коцка ќе биде комплетно заменета и пошто е тесна улица ќе бидат ставени бекатон плочки. Дел од Ул.„Кочо Рацин“ и „Октомвриска“ исто кој што е последен потег од градот кај што има коцки, обезбедени се средства од општина Свети Николе и од Биро за регионален развој да бидат извадени коцките и ќе биде поставен модерен асфалт и жителите тие улици кои се во централното градско подрачје, ќе го добијат тоа што го заслужуваат и го бараат со години. Потоа продолжуваме и со канализациите. За село Мустафино претходната година изградивме два километри во две фази и сега само со наши средства во износ од четири милиони денари ќе продолжиме веднаш по новогодишните празници ќе го распишеме тендерот, а паралелно со тоа ќе аплицираме и на повиците кои што ќе ги дадат државните институции и веруваме дека дел од средства ќе ни дозволат и тие и конечно во Мустафино веќе канализацијата да дојде до центарот на селото. Планираме исто така преку тоа да започнеме со изградба на канализација во село Кадрифаково и да ги завршиме тие основни работи што ги тиштат граѓаните. Преку вардарски плански регион оваа година целиот потег од новиот парк кој што е огромен потег кој што го бараа младите на општина Свети Николе ќе добие нов урбан лик во смисла на тоа дека до летниот период ќе има амфитеатар, ќе има девет справи за развивање на моторичките вештини и обезбедивме донација од видео лотарија на Македонија каде што ќе има двесте квадрати детско игралиште, модерно со тартан подлога со нови содржини и со ограда. Кога зборуваме за тоа ќе кажеме дека одвоивме добар дел средства за да ги реконструираме со урбана опрема сите руинирани детски игралишта по градот и селата и ќе ставиме нови содржини и ќе бидат комплетно изградени, оградени и осветлени за да можат најмалите во пролетните и летните денови да си играат и да се забавуваат. За детската градинка заедно со раководството на градинката се договоривме дека веднаш после новогодишните празници од средства на самата градинка да набавиме ново возило за дистрибуција на храна. За против пожарната станица, оваа година имаме пуштено веќе најмодерна противпожарна станица донирана од страна на амбасадата на САД, и можам да најавам дека во четврток самата амбасадорка ќе дојде тука каде што ќе вршиме свечено отворање на пожарната. Со сопствени средства ќе набавиме ново теренско возило кое што го немаат за потребите на пожарникарите, изјави Владев.
И да не зборуваме за сите други проекти за кои што ќе аплицираме или ќе дообезбедуваме средства со ребалансите или од буџетот на Република Македонија. Сѐ на сѐ можам да кажам дека 2023 година ќе биде многу подобра од 2022 година и веќе од април месец целиот наш ангажман и на мена како градоначалник и на службите ќе биде насочен кон прибирање и обезбедување на средства за проекти за 2024 година, додаде тој.