четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Општини

Владев: СДСМ ги примора граѓаните од Свети Николе да патуваат до Скопје или Кавадарци за да бараат работа

Владев: СДСМ ги примора граѓаните од Свети Николе да патуваат до Скопје или Кавадарци за да бараат работа

„Свети Николе е мало гратче, мирно гратче и убаво место за живеење. Тука е доста присутна и миграцијата, значи многу луѓе, млади посебно го напуштаат местото. Тоа за жал се должи на големата невработеност која што постои во Свети Николе. Можеби до 2016 па и 2017-та година кога зборуваме на полето на вработување имаше напори од тогашната влада за начинот со посебни мерки, политики за вработување. За жал, морам да кажам дека во последните четири години малку тоа падна на едно пониско ниво. Ние тогаш стварно се боревме за секое работно место, имаше многу повеќе активни мерки, многу повеќе беа вклучени и невработени лица, и приватниот сектор. Но, за жал, сега малку ситуацијата е подруга“, истакна Дејан Владев, градоначалник на општина Свети Николе во утринска емисија на Алфа телевизија.

Владев додаде дека нови фабрики, нови стопански капацитети во последните неколку години од оваа власт за Свети Николе воопшто нема.

„Најголемата текстилна компанија која што на времето имаше и луѓе да вработува, сега е преполовена за жал. Доста луѓе од Свети Николе за работа патуваат до Штип, па дури и до Скопје. Има еден дел на граѓани од Свети Николе што одат на работа и до Кавадарци или пак Куманово“, појасни Владев.

Владев посочи дека се надева дека во наредниот период можеби некоја компанија би дошла во Свети Николе.

„Ние како локална самоуправа би ги овозможиле сите услови за да дојдат компаниите и отворат нови работни места тука за граѓаните“, нагласи Владев.