Денес заедно со претставници од Светската Банка за обнова и развој, потпишавме договор со чии средства ќе се асфалтираат и ќе се постави атмосферска канализација во м.в. Лозов расадник , за улиците “Димитар Влахов”, “Вера Ицева” и “Александар Серафимов”со два краци, во вкупна должина од 602 м2 со што ќе се реши повеќегодишниот проблем во оваа населба, напиша на Фејсбук градоначланокот на општина Свети Николе, Дејан Владев.