Драѓи сограѓани, драги светиниколчани, Свети Николе е мојот и вашиот роден крај. Јас, Дејан Владев кандидат за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ работам и живеам во Свети Николе и би сакал моите деца да останат овде да живеат, да творат и да создадат свое семејство, изјави денеска Дејан Владев, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе.
Тој вети дека заедно со својот тим ќе работат за да го направат Свети Николе поубав град во кој ќе живеат сите деца деца.
– Град кој ке биде развиен и просперитетен, град на спортот, младите, културата, чисто и урбано место за живеење. Чесно и одговорно ви ветувам дека силно ќе се посветиме да работиме на реализација на ветената програма уште во првиот ден од дадената ваша поддршка. Знам дека сте уморни од чекање за подобра иднина! Знам дека сте уморни од слушање на зборот –,,Ќе”! Тоа што ветија не го реализираа, а добро сите знаете и помните она што толку гласно ветуваа дека нема да го направат, скришум и подмолно го направија. Но сите ние добро се сеќаваме на кажаните нивни лаги пред неколку години и не сме ги заборавиле, истакна Владев.
– ДОСТА Е!!! Доста е од лажни надежи, поделби, притисоци! Доста е од ветувања кои останаа само на хартија! Време е за промена! Време е да покажеме дека сите не сме исти! За вас, драги светиниколчани, нудиме реална програма со проекти зад која цврсто стоиме и нудиме решенија за проблемите на сите жители на Свети Николе, посочи кандидатот за градоначалник.
Тој е дециден дека влегуваат силно, чесно, посветено барајќи ја поддршката на граѓаните на Свети Николе, а од 18-ти октомври вели тој дека ги чека работа која заеднички ќе ја реализира според приоритетите и барањата на граѓаните.
– Ви ветувам дека мојата работа за вас како градоначалник ќе започне веднаш од 18-ти октомври одговорно и транспарентно, а не само во последниот месец од четирите години како што и самите можевте да согледате од мандатот на претходниот градоначалник. Работа, чесност, одговорност – тоа се моите преоритети! Не ветувам мегаломански проекти туку остварливи и реални проекти за подобро Свети Николе. Најзначајни проекти кои ќе ги реализираме од нашата програма се:
1. Уредување на речното корито;
2. Изградба на спорстки сали;
3. Целосно оспособување на прeчистителната станица;
4. Асфалтирање на улици во градот и руралните средини;
5. Канализациони мрежи во градот и руралните средини;
6. Зголемување на паркинг места во градското подрачје;
7. Овозможување на услови за изградба на градски базен;
8. Враќање на стариот изглед на старата градска чаршија и атрактивен локален туризам;
9. Младински културен центар;
10. Санација на веќе изградени спорстки игралишта и изградба на маалски игралишта во градот и селата;
11. Овозможување на услови за отвoрање на градинки;
12. Целосно уредување на новиот градски парк со содржини за млади;
13. Подобрување на условите за работа во воспитно-образовните институции;
14. Ќе организираме референдум за депонијата кај с. Мечкуевци, наброја Владев.
Кандидатот за градоначалник истакна дека постојат уште многу проекти кои ќе ги презентира детално, но за да се реализираат сите тие потребна му е поддршка, потребен му е гласот на граѓаните.
– Светиниколчани се паметни и мудри луѓе, знаат да прават разлика и да препознаат дали она што се ветува може да се оствари и на кои луѓе може да им се верува. Знаат да препознаат искрени и чесни намери, остварливи проекти а не празни ветувања за некое идно време. Затоа на 17-ти октомври ве повикувам сите вас, заокружете го бројот 7. 7 – За чесност, работа, одговорност! 7 – За промени, проекти, победи! 7 – За модерно урбано Свети Николе! 7 – За чесно одговорно работење! 7 – За дела, проекти, визија! 7 – За иднината на нашите деца! 7 – За победа на ВМРО – ДПМНЕ во Свети Николе, додаде Владев.