СДСМ продолжува да се “реформира”, за жал на потврдениот и веќе добро познат начин – анонимуси да ги заземаат лидерските позиции, по принципот на Ковачевски, популарно викан Таче. Тоа што се случува во СДСМ и во држававата аналогно се пресликува и во Битола, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.
-Освен што јавноста знае дека младиот Драган Крајовски бил на семинар во Португалија, знае и дека неговото име како прв човек на битолскиот затвор е врзано со повеќе скандали за местени тендери, нехуман третман на затвореници позитивни на КОВИД 19, присуство на опојни дроги во затворските простории… И толку е CV, толку е профилот на кадарот кој што ќе го води СДСМ во Битола.
Почитувани, на крајот на краиштата еве и да кажеме дека тоа е нивна внатрешно – партиска грижа, сепак и покрај целата разочараност од нив, од нивната неспособност и неработа, распродажбата на националните и индивидуалните интереси на секој од нас, несправувањето со страшната здравствена и енергетска криза, предизвикувањето на комлетниот економски колапс и на Државата и на граѓаните – на сите нас, не може, а да се премолчи фактот дека продолжуваат несериозно и со огромна доза на потценување и ароганција да се однесуваат кон ситуацијата, уништувањето на земјата и кон секој граѓанин на Македонија и Битола, поединечно.
Едно време, барем беа добри за опозиција, сега се во тотален хаос, многу лоша и погубна власт се, тоа од минута во минута се потврдува, а изборот на вакво локално водство е врв на нивната хипокризија.
Дали вистина, Крајовски и симболично, ќе го означи и крајот на СДСМ во Битола преку уште еден загарантиран пораз на претстојните парламентарни избори тоа Вие го одлучувате почитувани битолчани, додаваат од ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.