вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија обвинува дека општината стагнира: Жолт картон за Поцков

ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија обвинува дека општината стагнира: Жолт картон за Поцков

На вчерашната седница на Совет на општина Гевгелија, Предлог-Заклучокот за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година не е усвоен.

-Во изминатиот период ништо не е сработено од страна на градоначалникот Сашо Поцков и заради тоа, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија гласаше против со издржаните аргументи за слабата реализација и катастрофалното извршување на Буџетот на општина Гевгелија. Предлог -Одлуката не доби целосна поддршка ниту од советниците од власта. Општина Гевгелија 2 години стагнира,но на градоначалникот Сашо Поцков и локалните функционери на СДСМ поважни им се личните и партиските интереси и целосно заборавија на реализација ветувањата за подобар живот за граѓаните од општина Гевгелија. Откако не беше усвоена оваа точка,во нервоза градоначалникот Сашо Поцков го одби предлогот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да бидат одобрени 900.000 ден. За оштетените од пожарот на ул.Ристо Чавдаров, иако локалната самоуправа има општествена одговорност максимално да помогне кога се работи за наши сограѓани. Исто така на истата седница советниците на СДСМ не го изгласаа предлогот за стипендирање на студенти од факултетот за Туризам и Бизнис логистика, велат од ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.