Капиталните инвестиции и мерките за ублажување на ефектите од енергетската криза во фокусот на општините од Пелагонискиот регион.
Размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети, како и мерки за ублажување на ефектите од светската економска и енергетска криза беа главни теми на кои се дискутираше на регионална средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион.
На средбата, која што се одржа вчеравечер во Битола, учество зедоа претставници на локалната самоуправа од општините каде градоначалниците и мнозинството во Советот се од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од општините Битола, Прилеп, Ресен, Могила, Новаци и Демир Хисар, како и претставници на повеќе комисии на ВМРО-ДПМНЕ.