понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Георгиески најде мнозинство за нови 17 вработувања на ДУИ во ЈП „Нискоградба“, но не најде за паркирањето

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Георгиески најде мнозинство за нови 17 вработувања на ДУИ во ЈП „Нискоградба“, но не најде за паркирањето

Вчерашната седница на Советот покажа уште една јавна сервилност на Георгиески кога е во прашање ДУИ, односно негова лична заложба како точките од интерес на ДУИ да бидат изгласани, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во денешниот допис до медиумите.

– За да опстои коалицијата со Усеини, Градоначалникот одобри нови 17 вработувања во ЈП „Нискоградба“ кое го раководи кадар на ДУИ, кои вработувања граѓаните ќе ги чинат близу 5 милиони денари годишно, а во исто време го повлече планот за вработување на ЈП „Билјанини извори“ кој предвидуваше 4 нови вработувања, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Според нив преголема е цената која Георгиески ја плаќа само да опстои коалицијата од интерес помеѓу него и Усеини.

Понатака во соопштението од партијата додаваат:

-Се поставува прашањето:

Зошто Георгиески не го стори истото и не побара да се изгласа точката за паркирање, туку бараше начин со неговиот недемократски однос и одбивањето на точката за работењето на ЈП „Водовод“ предложена од опозицијата, за истата да ја примора да ја напушти седницата?

Георгиески да одговори:

Дали има забрана од коалицијата таа точка да биде изгласана?

Доколку нема, го повикуваме да престане со неговите добро познати дворски игри и веднаш да побара седница на која ќе му помогнеме точката за паркирање да биде изгласана!, велат од партијата.